Kultura (Skopje) (Nov 2014)

Ретките лексеми од семантичкото поле „воена лексика“ во македонските црковнословенски ракописи

  • Катица Трајкова

Journal volume & issue
Vol. 3, no. 4
pp. 221 – 226

Abstract

Read online

Црковнословенските текстови од македонска редакција не само што претставуваат неизбежен извор за проучување на историјата на македонскиот јазик туку, несомнено, претставуваат и неодминлив показател за битот и карактерот на материјалната и националната култура. Досегашните проучувања на црковнословенската лексика укажуваат дека лексичко-семантичкото поле „воена лексика“ содржи голем број стари словенски лексеми што припаѓаат на битовата лексика, како и одреден број лексеми што имаат книжовен карактер. Во овој прилог акцентот е ставен врз одреден број лексички единици што лексикографски се фиксирани само во одреден жанр црковнословенски ракописи или пак претставуваат ретки лексеми поради ограничената фреквенција. Ексцерпцијата е извршена од богатиот корпус на ракописи од проектот Речник на црковнословенскиот јазик од македонска редакција што содржи 29 репрезентативни црковнословенски текстови со различна жанровска припадност, хронолошки датирани од 12 до 16 век.

Keywords