Kultura (Skopje) (Dec 2014)
Романот и неговите мемории
Abstract
Предмет на интерес на овој текст е романот Книга за Тара на Зденко Лешиќ, толкуван низ призма на неговата репрезентативност во однос на два вида романескна меморија: од една страна, тој ги демонстрира капацитетите на романот да се постави како меморија на одредена историска стварност, артикулирајќи го односот меѓу персоналното искуство и неговото наративно осмислување; од друга страна, жанровската хибридизација и метафикционалните теми и постапки илустрираат една варијанта на жанровската меморија.