EtnoAntropoZum (Sep 2020)

КУЛТУРНИТЕ ПОЛИТИКИ И КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО СОЦИЈАЛИСТИЧКА МАКЕДОНИЈА: ФОРМИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА

  • Даворин Трпески

DOI
https://doi.org/10.37620/EAZ2020010t
Journal volume & issue
Vol. 20, no. 20

Abstract

Read online

Во социјалистичкиот период, до 1991 година, вардарскиот дел од Македонија бил во составот на југословенската федерација, па оттука и генералната политика и културната политика се реализирале под раководство на Белград и целосно се потпирале врз идеологијата што била својствена за системот на Југославија. Секако, Македонија во тие рамки се развивала како република што имала и одредени овластувања и можела, донекаде, сама да го организира политичкиот и културниот живот, но во рамките на југословенската политика. При обидите да се најде нешто што го обработува делот на културната политика, забележително е тоа што речиси и не постојат трудови што се однесуваат само на Македонија, туку тие, пред сè, се однесуваат на целокупната територија на Југославија. Исто така, може да се забележи дека сè што постои од литературата, главно, се однесува на позитивизмот во однос на политиката и на културната политика на Југославија, но и на негативниот критицизам кон капиталистичките земји и на нивните политики.

Keywords