Journal of Contemporary Philology (Dec 2020)
Преводната рецепција на творештвото на Мигел де Сервантес на македонски јазик
Abstract
Во овој труд ги разгледуваме преводите на дел од творештвото на Мигел де Сервантес на македонски јазик. Ги следиме првите скратени, лектирни изданија на Дон Кихот од 1950-тите, а потоа критички се осврнуваме на првиот и единствен целосен превод на неговиот најпознат роман, направен во 1985 година од страна на Илија Корубин и Александар Митевски. Се осврнуваме и на Примерни новели, интегрално преведени во 2012 година од Виолета Јагев, а анализираме и стихови од неговите драми и прозни дела во Десет века на шпанската поезија, во препев на Матеја Матевски. Анализата покажува дека творештвото на Сервантес во македонската култура е нерамномерно застапено во споредба со другите имиња од светската книжевност. Со оглед на тоа што „донкихотски“ и „донкихотство“ се дел од македонскиот јазик и се користат во разни контексти, отстапуваме најголем простор за анализа на основните аспекти на интегралниот превод на Дон Кихот на македонски јазик.
Keywords