EtnoAntropoZum (Oct 2019)

ДОЛГОРОЧНА ВИЗУЕЛНА ЕТНОГРАФИЈА ВО ЕДНО БОСАНСКО СЕЛО: СЛЕДЕЊЕ НА ЕПИСТЕМОЛОШКИТЕ И МЕТОДОЛОШКИТЕ ПРАШАЊА

  • Манца Филак

DOI
https://doi.org/10.37620/EAZ171600251f
Journal volume & issue
Vol. 16, no. 16

Abstract

Read online

Етнографскиот филм под наслов „Лукомир, мојот дом“ (2018) е визуелна етнографија на секојдневниот живот на еден постар пар од Лукомир, највисокото планинско село во Федерацијата Босна и Херцеговина. Во него е прикажан годишниот циклус на трансхуманските сточарски миграции, при што секоја зима патуваат со стадото овци од планинскиот гребен Бјелашница до селата оддалечени 30 километри, во близина на Сараево. Филмот ги следи различните просторни и материјални димензии на нивната миграција, како и нивниот однос кон животниот стил што полека исчезнува. Ја гледаме и ја чувствуваме врската на парот со земјата, со животните и со севкупните промени во нивниот општествен свет. Филмот како визуелна етнографија служи како основа за дискусија за антрополошките разбирања што може да се постигнат преку аудиовизуелен материјал во споредба со писменото истражување. Секоја тема на истражување нè тера да ги прошируваме нашите методологии на различни начини со цел да истражиме како треба да гледаме на одредено прашање. Заемното конститутивно истражување на една тема и вклучувањето разни визуелни медиуми може да открие врски, сетилни димензии и светски ставови, кои инаку можеби нема да бидат очигледни. Преку рефлексивната анализа на процесот на снимање, како и на нашето теренско истражување можеме да ги разгледаме овие важни епистемолошки, како и методолошки прашања во создавањето на антрополошкото знаење.

Keywords