Journal of Contemporary Philology (Jun 2020)
Театролошкото поимање на митот: случајот Федра
Abstract
Трудот Театролошкото поимање на митот: случајот Федра има цел да ги објасни иманентните врски меѓу митот/митопоетиката и театарот. Трудот е поделен во два дела. Во првиот се детерминираат поимите и термините преку кои театарот и театрологијата „оперираат“ со митот, а во вториот се истражуваат драмските/театарските потенцијали на митот за Федра и неговото ресемантизирање и реакутaлизирање во одделни авторски драмски текстури. Целта на трудот е да понуди матрица за понатамошна операционализација со митот во неговото театролошко поимање. Од друга страна, трудот ги објаснува системите од каузалитети меѓу ликовите митеми, кои ја создаваат драмската фабула и интензитетот на драмската напнатост, воспоставувајќи корелација со митот, митската фабула и нејзините одлики. Следствено, централниот фокус на овој труд е врз функциите на каналите за ресемантизација, врз нивната чистина и/или шум во спроводливоста, како и врз уметничките (драмски) потенцијали на ресемантизираниот (драмски) текст. Овој текст оптира околу комуникацијата меѓу митот и театарот или, подобро, меѓу митот и драмскиот текст кој реферира на митологијата и претставува специфичен облик на ресемантизација на семантичките полнежи од митот и неговите градбени единици во уметнички кодирани видови текст наменети за изведба.
Keywords