EtnoAntropoZum (Nov 2016)

СПОМЕНИЦИТЕ ВО ПОСТСОЦИЈАЛИСТИЧКИОТ ПЕРИОД: ПО ПРИМЕРИТЕ НА ГРАДОТ ХЕРОЈ НА МАКЕДОНИЈА

  • Даворин Трпески

DOI
https://doi.org/10.37620/EAZ0960096t
Journal volume & issue
no. 6

Abstract

Read online

Спомениците во себе кријат приказна или порака, односно носат одредена симболика која потсетува на некое славно историско време, на некој важен настан на којшто треба луѓето да се сеќаваат. Накратко, во себе кријат одредена идеологија која ги толкува симболите и нуди кодови за нивно одгатнување и воспоставува врска со веќе креираните митови. Во авторитарните или во тоталитарните општествени системи, спомениците го претставуваат центарот на јавниот и на политичкиот живот. Во трудов ќе бидат презентирани дел од спомениците со кои се одликувал градот Прилеп во периодот на социјализмот, но и новопоставените споменици по неговиот пад и во периодот на воспоставувањето на новото општествено уредување во Република Македонија.

Keywords