EtnoAntropoZum (Jul 2021)
АНТРОПОЛОШКИ ПОГЛЕД КОН АВТОБИОГРАФИЈАТА НА ДИМИТАР (МИТЕ) ПРСТЕНАРОВ (1913 г. – 1996 г.) ОД СЕЛО ВИШЕНИ, ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА
Abstract
Овој труд има за цел да прикаже животна приказна на Македонец од егејскиот дел на Македонија преку обработка на неговата автобиографија, досега зачувана во форма на ракопис. Покрај животната приказна, се прави обид за контекстуализација на воено-политичките настани, општествените и идеолошките околности што се опишани од перспектива на авторот; се прави обид да се согледаат карактеристиките на јазикот и јазичните влијанија што се забележителни во ракописот, а се одраз на живеењето во неколку земји во Источна и Југоисточна Европа.
Keywords