EtnoAntropoZum (Oct 2018)

ОБРАЗОВНА МОБИЛНОСТ КАКО СРЕДСТВО ЗА ПОВРАТНА МИГРАЦИЈА: МЛАДИ ЧЛЕНОВИ НА ПОЛСКАТА ДИЈАСПОРА ОД ПОРАНЕШНИОТ СССР

  • Марчин Гоњда

DOI
https://doi.org/10.37620/EAZ16150110g
Journal volume & issue
Vol. 15, no. 15

Abstract

Read online

Полска по традиција е земја што испраќа мигранти. Сепак, во последните години Полска прифаќа извесен број на мигранти повратници. Меѓу повратниците што доаѓаат од земјите што произлегоа од СССР доминантна група се млади луѓе што започнуваат да студираат на полските универзитети. Целта на моето истражување, кое се потпира на автобиографски наративни интервјуа, е најпрво да ги претстави институционалните услови во Полска при студирање на членови од дијаспората. Посебно внимание е посветено на доаѓањето на повратниците како дел од полската политика за враќање на мигрантите. Второ, во овој текст се претставени биографските приказни со цел да се споредат патиштата на двајца млади Полјаци во нивната татковина. Во текстот се реконструираат нивните фази на мобилност со цел да се објаснат: 1. релациите меѓу искуството со миграцијата и трансформацијата на нивната национална идентификација и 2. влијанието на миграциското искуство врз нивната биографија (биографска релевантност). Со оглед на тоа што тие потекнуваат од мултиетнички семејства и се враќаат во навидум познато место од каде што потекнува само дел од нивните предци, во ова истражување го користам концептот на „миграција кон корените“.

Keywords