Kultura (Skopje) (Oct 2015)

Новите медиуми и отсуството на корпоралноста: проблематиката на виртуелниот Музеј

  • Радомир Поповски

Journal volume & issue
Vol. 0, no. 12
pp. 65 – 76

Abstract

Read online

Отсуството на телесноста во медиумите одамна се подразбира како нужност при транслиферацијата на информации. Меѓутоа, ако се земат предвид можностите што произлегоа од дигиталните технологии и новите медиуми, ова прашање е далеку од наивно. Со оглед на бројните реперкусии во нивната етичка, естетска, аксиолошка... или културална повеќенасоченост, ова излагање е посветено на отсуството на телесноста – при создавањето на новиот вид на музеи: виртуелниот музеј. Пред сè ќе биде истражуван статусот што овој нов вид музеј си го обезбедува во светот на новите технологии и медиуми, при што треба да се земат предвид повеќе фактори и релации: односите со реципиентите на виртуелното што се реализираат на естетско и етичко ниво, како и односите во информациска и едукативна смисла... Како медиум-носител на виртуелниот музеј се идентификува Интернетот. Клучните проблеми – со оглед на профилот на излагањето – би можеле да ги групираме во две насоки: естетска и аксиолошко-етичка. Естетската димензија го повлекува проблемот со „естезисот“ кај реципиентот: бидејќи се работи за репликанти на уметничките дела (значи, имаме проблеми со илузијата), естетската проблематика се поврзува со етичката, накусо кажано. Аксиолошко-етичката проблематика е поврзана со можноста виртуелниот музеј да го истисне „вистинскиот“ музеј, да ја разниша неговата институционалност (истиснувајќи го како институција). Аксиолшките рефлексии треба да бидат премер помеѓу придобивките од виртуелниот музеј (убиквитетноста на информациите и енормното проширување на корисници) – и опасноста од разнишувањето на музејот како институција. Културолошкиот аспект е да ги стави во опсег сите претходни одредници.

Keywords