EtnoAntropoZum (Oct 2021)

МЕЃУВЕРСКИ БРАКОВИ ВО КОСОВО

  • Анѓелина Хамза-Хасанај

DOI
https://doi.org/10.37620/EAZ2121278h
Journal volume & issue
Vol. 21, no. 21

Abstract

Read online

Во трудот се обработува еден интересен општествен феномен, кој во исто време е и чувствително прашање, а се однесува на склучување бракови помеѓу Албанци со различна вероисповед: христијани католици и муслимани. При обработката на темата се користени материјали што се прибирани со теренско истражување реализирано во неколку села и градови во Косово. Текстот има цел да понуди еден специфичен приод кон мешаните бракови, посебно кога станува збор за две различни религии, како и да се воочи кои се општите норми што произлегуваат од религиозното гледиште. Во досегашните истражувања на религиски мешаните бракови на Косово, периодот по Втората светска војна се препознава како период кога најмногу се склопувале религиски мешани бракови, како и бракови помеѓу припадници на различни националности. Во Косово, во периодот кога тоа било дел од СФР Југославија, меѓукултурната, економската и социјалната комуникација се развивала меѓу различните групи што живееле на тие простори. Тоа било период на една тешка сеопшта криза, период кога започнала огромната миграција од село в град, главно поради економски причини и потребата од работна сила, со што, освен за вработување, се создале услови за пообемна општествена еманципација и модернизација на општеството, што придонесло луѓето да се запознаваат, да се мешаат и да стапуваат во мешани бракови.

Keywords