Kultura (Skopje) (Oct 2015)

Новите медиуми како предизвик за театарот

  • Ана Стојаноска

Journal volume & issue
Vol. 0, no. 12
pp. 93 – 102

Abstract

Read online

Театарот како најстар медиум долго време го држеше приматот на најмасовен и најреспектиран медиум во културолошката практика. Моќта на театарот како медиум е непосредниот допир со публиката и можност за остварување взаемна интеракција. Поради тоа, долго време театарот беше и користен како најкорисен медиум. Меѓутоа со доаѓањето на новите медиуми, посебно во текот на ХХ век, со појавата на телевизијата, видеото, и најпосле со интернетот, на театарот му стана тесен сопствениот израз и требаше да се размисли што и како понатаму. Од една страна, создавањето театар во рамки на својата модулативност – сцена – кутија, драмски текст, актери што играат режисерски концепт, и од друга, театар што ќе „кокетира“ и со новите медиуми. Моето истражување ги следи двете линии на создавањето театар во XXI век, на кој начин театарот ја задржува својата изразност, но и на кој начин може да ги користи современите медиуми и да проектира нови театарски форми. За таа цел ја користам современата театролошка литература и правам анализа на некои од доминантните театарски појави на нашето време. Преку систематичен преглед на некои од актуелните форми на современиот театар, може да се покаже идејата за тоа каков театар има и каков театар ни треба во новото време. Истражувањето се фокусира на поимањето на театарот како медиум и на начинот на кој тој оперира и кореспондира со другите медиуми на XXI век.

Keywords