EtnoAntropoZum (Nov 2016)
ЦРВЕНОТО И ЦРНОТО
Abstract
Црвената и црната боја, кои се користат во многу календари за да се направи разлика меѓу поединечните денови, помагаат во организирањето на животот на одредено општество. Типографските алатки што се користат за да се потенцираат деновите со голема важност се инструмент што ги претвора историските настани и личности во симболи на нацијата, и ним членовите на нацијата можат да им се воодушевуваат, од нив можат да учат и, најпосле, за нив исто така можат да се борат. Доминантната идеологија има пресудна улога во изборот на вистинската боја за деновите. Дефинирајќи кои денови треба да се обележат како особено значајни, оние што се на власт не само што дефинираат кои денови се погодни за работа, а кои за одмор, туку тие исто така го присвојуваат минатото и го канонизираат знаењето и значењето на минатото. Радикалните промени во политичките системи по правило внесуваат промени и во симболичкиот систем на одредно општество. Се повлекуваат старите симболи за да им се отвори пат на новите симболи што ќе ја претставуваат новата идеологија и новото политичко водство. Во овој текст ќе ги анализирам интервенциите во симболичкиот свет користејќи ги примерите на два празника воведени во Република Словенија во 1992 година: Денот на реформацијата и Денот на сеќавањето на мртвите. Ако првиот празник, кој своите корени ги има во протестантската религиска традиција, претставува новост во словенечкиот календар, вториот празник, кој припаѓа на католичката традиција, има подолги и поцврсти корени. Во анализата на наративните претстави за минатото се потпирам на моделот предложен од Мареа Тески и Јакоб Климо (Marea Teski and Jacob Climo, The Labyrinth of Memory. Ethnographic Journeys, 1995), кој се однесува на конструира- њето и реконструирањето на минатото низ репертоарот на сеќавањето. Овој модел е применет од Шерил Натцмер (Cheryl Natzmer 2002: 164) во нејзината анализа за креативните експресии и помирувањето во Чиле по Пиноче.
Keywords