Kultura (Skopje) (Oct 2015)

Кружните прелевања помеѓу уметничките практики и новите медиуми во добата на глобалните потреси на масовната култура

  • Златко Поповски

Journal volume & issue
Vol. 0, no. 12
pp. 205 – 215

Abstract

Read online

Претпочитајќи го проблематизирањето на уметноста како појдовна точка за оваа расправа, излагањето треба да одговори на прашањето „Зошто се случува исчезнување на уметноста (во нејзиното стандардно значење/важење) и како културата влијае врз тој сложен акт“? Се случува дејствување на културата по граничните линии на естетиза-цијата, односно се поставува еден „позитивен или негативен“ интервал околу граничењето на високата и популарната култура, што наоѓа свој израз, пред сè во визуелните медиуми. Новите медиуми генерираат мошне значајни промени на полето на естетизацијата, т.е. како нови информациско-комуникациски технологии (фундирајќи нова технокултура) имаат потреба од промени и во јазикот (кој станал технички) – и во пристапот кон знаковноста (која станала сликовна): сложена ситуација во која не е пренебрегнат ниту просторот. Технокултурата, значи, имплицитно ги опфаќа „транслокалноста и глокалноста на просторот во нивната симболичка претставеност“, а кои – како хибриден социо-антрополошки и етнолошки дискурс – се позиционирани во самото јадро на расправата. Со оглед на опфатноста на оваа проблематика, забелешките ќе бидат фокусирани во хајдегеријанско толкување на сликата на светот, зафаќајќи ја при тоа и проценката на Хајдегер во нејзината дивинаторска исполнетост. Флуктуира ли уметноста на границите помеѓу „интерсубјективитетот“ и „колективитетот“, колкаво е влијанието на брзиот технолошки и бавниот општествен и културен развој (врз претпоставената ситуација) и, на крајот, кој е прилогот на биотехнологиите на современите услужни пракси при исчезнувањето на уметничките вредности (нивната транспозиција во стоково-пазарнаи вреднувања)?

Keywords