Kultura (Skopje) (Nov 2017)

Идентитет и тероризам од безбедносен аспект

  • Ивана Дрогрешка

Journal volume & issue
Vol. 6, no. 13
pp. 32 – 43

Abstract

Read online

Мотив да се пристапи кон изработка на оваа тема е желбата за да се дефинираат релациите кои ги поврзуваат прашањата на идентитетот со терористите и терористичките организации и нивното делување како глобална закана. Фактот дека постои тесна релација помеѓу мотивите за терористички акции со културните вредности и верувањата на терористите, на преден план го поставува прашањето за поврзаноста на културата и идентитетот, прашање кое произлегува од одреден начин на живот на одредени национални култури и религии со кои лицата се поистоветуваат, а кои се во тесна релација со прашањата за безбедноста. Овој труд поаѓа од тез-ата дека за успешно спротиставување на тероризмот потребно е детално разбирање на причините за неговото постоење. За да се разберат постапките на една терористичка орга¬низација потребно е да се добијат сознанија за нејзината историја, култура, фундаментални вредности, кои во основа се маркери на идентитетот/идетитетите и се во корелација со идеологија која ја пропагира со цел да се идентификуваат нејзините потенцијални цели. За таа цел ќе бидат обработени две терористички организации. Истражувањето ќе биде насочено кон идентификување на основните вредности на една култура и религија кои го дефинираат заедничкиот политички идентитет кој споделува ист вид идеологија. Бидејќи тероризмот е ши-рок домен на истажување, овој труд се ограничи на истражување на клучните каратеристики на идентитетот на терористите и терористичките организации.