EtnoAntropoZum (Nov 2016)
МЕТОДОЛОШКИ АСПЕКТИ НА СОВРЕМЕНИТЕ ТЕРЕНСКИ ИСТРАЖУВАЊА ПРИ СМРТТА
Abstract
Тргнувајќи од фактот што етнологијата и социокултурната антропологија се втемелуваат како емпириски науки што настојуваат да дојдат до сознанието со теренски истражувања, ќе бидат дадени и контурите на современите теренски истражувања. Главниот акцент во трудот е насочен кон методолошкиот пристап при теренските истражувања за истражување на социјалната димензија на смртта и нејзината комуникациска функција преку гробовите, семејните гробови и надгробните споменици, пред сè во градот Скопје, што значи дека во многу случаи теренот ми е многу блиску, дури може да се каже просторно блиску до мојот дом. При истражувањата се земаат предвид и непосредните забележувања, набљудувања и учествувања во разни обредни активности или т.н. инсајдерски пристап на истражувачот.
Keywords