Journal of Contemporary Philology (Jun 2018)
(Новата) компаративна митологија: можности и граници
Abstract
Компаративната митологија претставува систематско проучување на митови и митски теми кои постојат во различни култури и таа служи за различни академски цели. Почнувајќи од 19 век, научниците ги проучувале релациите помеѓу различните митови за да го откријат развојот на религиите и културите. Постојат теоретичари кои ги подвлекуваат лингвистичките релации помеѓу митовите, теоретичари кои ги осветлуваат сличните психолошки сили зад митските приказни или научници кои посегаат по структуралистичкиот пристап во напорот да ги пронајдат структурите во основата на различните митови. Филогенетската линија на проучување, општо земено, претпоставува дека митовите, слично како гените, се развиваат во наследна линија со модифицирање, а впечатливите паралели помеѓу биолошката и митолошката еволуција ја овозможуваат употребата на компјутерска статистика со која се извлекуваат заклучоци во правец на еволуциската поврзаност и создавање на филогенетски стебла. Еден од најинтересните нови пристапи кон проучување на митот е оној на М. Вицел кој ги објаснува интеркултурните сличности преку човечките универзалии, независната инвенција и дифузијата.