EtnoAntropoZum (Dec 2022)

ГРЧКИ СИМПОСИИ – МАКЕДОНСКИ ВЕСЕЛБИ ПИРОВИТЕ НА АЛЕКСАНДАР III, КРАЛОТ НА МАКЕДОНИЈA

  • Петер Форишек

DOI
https://doi.org/10.37620/EAZ2222092f
Journal volume & issue
Vol. 22

Abstract

Read online

Текстот ги споредува гозбите и пијанките на Александар III, кралот на Македонија, со грчките симпосии од класичниот период. Во првиот дел од текстот се презентирани грчките симпосии и се подвлечени најзважните елементи на овие прослави. Генерално, хеленизираните Македонци презеле многу елементи од класичните грчки гозби (софистицирани разговори, исклучиво машко учество и исклучување на жените, освен хетајрите, пиење по вечерата). Многумина мислат дека македонскиот владетел бил несовесен пијаница, иако тој не може да се третира како алкохоличар според современите стандарди. Историчарите се согласни околу тоа дека Александар не бил неумерен во пиењето вино, но сепак, во некои случаи, тешкото опивање кулминирало со трагедии, како во двата случаи што се анализирани подолу во текстот: палењето на Персеполис и убиството на Клит.

Keywords