Kultura (Skopje) (Dec 2017)

Низ дистопиското огледало на транзицијата: во потрага по изгубениот идентитет во современата македонска драматиката

  • Деспина Ангеловска

Journal volume & issue
Vol. 6, no. 14
pp. 28 – 36

Abstract

Read online

Оваа студија ќе го разгледува прашањето на репрезентациите и формациите на идентитетот во современата македонска драматика, низ примерите на неколку пиеси на Дејан Дуковски и Жанина Мирчевска. На драмите на Дуковски и Мирчевска во оваа анализа ќе им пристапиме како одраз на една постјугословенска хаотична и насилна (хипер)реалност, следејќи ги во нивото преминување од другата страна на огледалото, во срцето на глобалистичката постисториска дистопија. Врз позадина на еден дезинтегриран и разурнат транзициски пејсаж, нивните ликови, небаре сенишни призвуци на Бекетовите Владимир и Естрагон, талкаат низ празниот град/театар или чекаат заглавени во транзит зоната на меѓународните аеродороми на глобализацијата, во потрага по загубените идентитетски, идеолошки и културни репери. Во еден поствоен, посттрауматски, посткомунистички свет, во кој на транзицијата, како во Бекетовата Крајот на играта, никако конечно да и дојде крајот, деперсонализираните ликови на Друга страна и Празен град на Дуковски, сепак продолжуваат да возат, но во лер, и да верглаат реплики и цитати на празно. Во пиесата на Мирчевска, На дождната страна, длабоко дислоцираните ликови, кои го загубиле најскапоценото и најличното што го поседувале, стануваат предмет на иживување на службениците од Бирото за изгубени работи. Во Ждрело, пак, главниот лик, кој во својата ултралиберална ненаситна лакомост, го изел дури и своето име, небаре некаков Едипов цитат со празен стомак, е во потрага по својот идентитет во шумата на глобалното консуматорско општество во чие лавиринтско срце ќе се сретне со мечката Харибо