EtnoAntropoZum (Oct 2018)

ПРОЕКТОТ „МАКЕДОНСКО СЕЛО“: ПРИЛОГ КОН ЕДНА ИЗМИСЛЕНА ТРАДИЦИЈА ВО СКОПЈЕ

  • Даворин Трпески

DOI
https://doi.org/10.37620/EAZ171600116t
Journal volume & issue
Vol. 16, no. 16

Abstract

Read online

Познато е тоа дека поранешните социјалистички општества тежнеат кон тоа да направат крупни промени во изгледот и да го заборават социјалистичкото минато, притоа свртувајќи се кон некое подалечно минато. Градот Скопје предничи кога станува збор за промовирање на поблиското и подалечното минато. Така, меѓу многуте споменици кои беа изградени во последнава деценија е и новоизграденото етно село односно „Македонско село“ во Скопје. Причините за градењето на шеснаесетте куќи кои претставуваат копии од веќе постоечки некогашни живеалишта од повеќе македонски предели според инвеститорот е да се промовира македонската традиција и македонското градителство; и со него да се запознаат не само македонските граѓани туку и странските посетители на Скопје. Комлексот е резултат на предаторскиот економски либерализам на кој целта не му е квалитетна култура, туку профит од културата. Токму, претворањето на културата во роба значи управувана култура, или не култура како начин на живеење, туку како начин на трошење, односно како производ за на пазар.

Keywords