Journal of Contemporary Philology (Dec 2019)

Збороредот во простата реченица: инверзија на субјектот и предикатот

  • Елени Бужаровска,
  • Лилјана Митковска,
  • Анастазија Киркова-Наскова

DOI
https://doi.org/10.37834/JCP192007b
Journal volume & issue
Vol. 2, no. 2
pp. 7 – 25

Abstract

Read online

Во овој труд се разгледува феноменот инверзија на субјектот во македонскиот јазик како пример за збороред што зависи од прагматичкото значење на рече­ницата. Дискусијата претставува анализа на заемната интеракција на повеќе фактори на семантичко, синтаксичко и дискурсно ниво, кои резултираат со појава на постглаголски субјекти со неакузативни глаголи на реченично и на дискурсно ниво. Користејќи примери од јазичен примерок од повеќе видови пишани извори (книжевни, академски и популарни текстови), авторите посо­чу­ваат дека инверзијата на субјектот и предикатот се јавува кај конструкции што се презентациски или реченици-случки, кои воведуваат нов партиципант или нова случка во текстот. Резултатите од анализата ја потврдуваат основната хипотеза дека e инверзијата резултат на заемната интеракција на прагматич­ките функции на реченично и на текстуално ниво. Маркираната информациска структура повлекува инверзија доколку исполнува кохезивна функција во текстот. Во книжевните текстови, инверзијата има дополнителна прагматичка функција, така што му припишува тематски статус на субјектниот референт и предизвикува ефект на очевидност при опишувањето на ситуацијата.

Keywords