EtnoAntropoZum (Nov 2016)

ДАЛИ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗОЛ СТАНУВА "ПЕСЈИ ЈАЗОЛ" - ЛОКАЛЕН ТЕРМИН ЗА ЈАЗОЛ ШТО МНОГУ ТЕШКО СЕ ОДВРЗУВА

  • Љупчо Ристески

DOI
https://doi.org/10.37620/EAZ0330048r
Journal volume & issue
no. 3

Abstract

Read online

"Песји јазол" или "песијазол", според народната терминологија се врзува доколку случајно волницата се заплетка, при што можноста јазолката да се одврзе е многу мала. Се плашам, сй повеќе дека метафоричната употреба на овој термин уште во главниот наслов станува реалност за Република Македонија со оглед на настаните што се случуваат во неа од февруари 2001 година. Сепак, уште веднаш тука треба да се напомене, "македонскиот јазол" не е врзан ниту сега, ниту само еднаш, а "решавањето" на македонското прашање не било вечниот сон само на Македонците, туку уште повеќе на соседите на Македонија и другите политички и воени моќни сили уште од многу поодамна. Така, македонскиот јазол, многупати до сега низ историјата се врзувал, па одврзувал, потоа толку многу се стегнувал што сите мислеле дека нема да се одврзе, но се случувале и такви "чуда" што сепак се одврзувал. Тоа, и денес, ни дава некаква надеж да веруваме во разврската на фамозниот јазол, и сила да седнеме и да напишеме неколку скромни реда, иако постојано сй уште се потресуваме и шокираме од тоа што ја снајде Македонија и сите нас, зашто до нас секојдневно пристигнуваат многу вести за убиени, раселени, прогонети, разурнати свети објекти, запалени села, како и уште многу други ладни, лицемерни, потсмешливи совети, застрашувања, предлози, "олеснувања и олеснувачи", добронамерни инструкции од "светските чувари" што нй прават уште поисплашени и поконфузни во нашето размислување и дејствување. Сепак за да се разбере донекаде проблемот на македонското прашање препорачливо е да се направи еден кус историски преглед на најзначајните општествено-политички и економски диспозиции во создавањето и развитокот на македонската национална свест и македонската нација.

Keywords