EtnoAntropoZum (Oct 2018)

ПОСТСОЦИЈАЛИСТИЧКИ РЕЖИМИ НА МОБИЛНОСТ

  • Каролина Бјелинин-Ленчовска

DOI
https://doi.org/10.37620/EAZ16150010bl
Journal volume & issue
Vol. 15, no. 15

Abstract

Read online

Овој текст, базиран на моите етнографски истражувања во Македонија и Италија (2008–2014 година), има за цел да ги покаже двата обрасци на мобилност типични по распадот на Југославија. И двата се поврзани со современата политичка и економска ситуација во постјугословенска Македонија, но исто така може да се поврзат со околностите во Југославија. Првиот образец се однесува на работната миграција на муслиманите со македонски мајчин јазик од западните краишта на Македонија во Северна Италија. Вториот вид на мобилност е имиграцијата на жени католици од Северна Албанија во Централна Македонија заради склучување брак. Во контекст на овие два вида мобилност ќе ги вклучам и концептите на режимите на мобилност и постсоцијализмот. Сметам дека, за да се разберат различните движења на луѓето, не можеме да ги разделуваме интернационалната од внатрешната, како и просторната од општествената мобилност.

Keywords