EtnoAntropoZum (Oct 2018)
ШTO ПЕАТ ПТИЦИТЕ? ЗА ЖИВОТИНСКИОТ ГОВОР ВО ЈУЖНОСЛОВЕНСКИОТ ФОЛКЛОР
Abstract
Современите научни истражувања на екосистемите опфаќаат различни аспекти на гласовноста, вклучувајќи ги и системите за комуникација („јазици“) на одделните животински видови. Современите теоретски и експериментални согледувања за „зборувањето на природа“ повикуваат на редефинирање на основните поими како што се „природа“, „култура“, „говор“, „музика“ итн. Во овој контекст, затоа е важно да се обрне вниманието на интуитивните и практични знаења од традиционалните и архаични култури. Најинтересните и најмалку истражувани се народните традиции за „животинскиот јазик“, „тивкиот јазик“ или за „птичјиот јазик“, кои, наводно, биле познати само на одреден број познавачи, а кои можеле да го отворат патот кон мудроста и успехот за нив. Можеме да пронајдеме фолклорни мотиви на ова свето или магично знаење на народните приказни (на пример, АТУ 670, 671 и 673) со корени во анимистички и шамански животни стилови низ различни делови на евроазискиот континент. Овој труд посебно се фокусира на јужнословенскиот материјал, продолжувајќи го првото истражување направено и претставено во пионерската синтеза на македонскиот етнолог и професор Бранислав Русиќ.
Keywords