Kultura (Skopje) (Nov 2014)

Редефинирање на културната меморија на националниот идентитет - а бре, Македонче vs Űber Macedonische

  • Наташа Илиевска-Таневски

Journal volume & issue
Vol. 3, no. 4
pp. 153 – 162

Abstract

Read online

Македонскиот национален идентитет во моментов доживува реконструирање на неговите карактеристики. Промовирањето на концептот „Űber Makedonische“, а напуштање на концептот „А бре, Македонче“, е еден од основните приоритети на владејачката десничарска структура (особено кога националниот идентитет, заради проблемот со име­то на државата, е најзначајното национално пра­ша­ње). Тој се спроведува преку сите ИДА, а најтранс­па­рентно преку медиумите. Целта е: подигање на ма­ке­дон­ската национална свест, зацврстување на чув­ството за припадност и на историскиот континуитет, гордост, успех, зацврстување на чувството на само­почит, а напуштање на стереотипот за македонска инфериорност, комплексот „на пониска вредност“, потчинетост и понизност во балкански и европски контекст. Процесот на редефинирање на културната меморија на еден национален ентитет, најголемите ефекти се очекува да ги има можеби не сега веднаш – иако после­диците веќе се чувствуваат, туку во модели­рањето на културната меморија кај младите. Текстот има за цел да ги испита начините и методите на медиумите со кои се врши реконструкција на некои карактеристики на националниот идентитет, а со тоа редефинирање на културната меморија.

Keywords