EtnoAntropoZum (Nov 2016)
ИНСТИТУЦИЈАТА СЕЛО КАКО СУД ВО ТРАДИЦИСКОТО НАРОДНО ПРАВО НА МАКЕДОНЦИТЕ
Abstract
Институцијата село како суд е ретка и недоволно обработена тема во македонската етнологија и антропологија. Ова истражување е засновано на неколкугодишно собирање податоци во повеќе предели во Македонија, кои потоа беа вкрстени со веќе постојните во етнографската литература во земјава и пошироко на Балканот. Податоците покажуваат дека во македонската традициска култура селото дејствувало како чувар на редот и судија за грешните отстапувања од нормите на народното право и моралниот кодекс на заедницата.
Keywords