Journal of Contemporary Philology (Dec 2020)
Фраземите со компонента 'нерв' (Чешко-македонски паралели)
Abstract
Фраземите во чешкиот, но и во македонскиот јазик заземаат мошне важен дел од лексичкиот фонд на јазикот. Фраземите не само што ги отсликуваат животната мудрост и искуството туку укажуваат и на човечката способност за создавање на слики и игри со зборови, од што може да се согледа не само развојот на јазикот туку и развојот на менталитетот на народот. Значително го збогатуваат јазикот и меѓучовечката комуникација, врз чија основа лежи заемното запознавање на луѓето од целиот свет. За потребите на нашиот труд најпрвин го ограничивме нашиот материјал на делата на чешки јазик преведени на македонски јазик. Од тој материјал ги извлековме фраземите што во својот состав како компонента содржат дел од човековото тело ‘нерв’. Потоа, врз тој јазичен материјал направивме анализа во неколку насоки: од аспект на нивната семантика (според концептот на когнитивистичката теорија); од аспект на нивната структура (именски, глаголски, споредбени и цела реченица) и од аспект на начинот како се преведени на македонски јазик.
Keywords