EtnoAntropoZum (Nov 2017)
РЕЛИГИСКИ ИНДИВИДУАЛИЗАМ, ДУХОВНОСТ И АЛТЕРНАТИВНИ РЕЛИГИСКИ КОНЦЕПТИ КАЈ ГЕЈОВИТЕ И ЛЕЗБИЈКИТЕ ВО СРБИЈА
Abstract
Во овој труд се изложени искуства и практики на гејови и лезбијки што избрале алтернативни религиски концепти, самодуховност или индивидуален концепт за Бога. Маргинализираните гејови и лезбијки во Србија се принудени свесно да избираат помеѓу религиските традиции на кои им припаѓаат по раѓање, а за кои нивната истополова ориентација и однесување се неприфатливи, и алтернативни религиски концепти, вонинституционални индивидуални еклектични рели- гиски практики и верувања што сами ги креираат. Потрагата за оној израз на духовниот пазар што на најдобар можен начин би овозможил усогласеност на сексуалните желби, однесувања и верски идентитет, потрагата по форми на религија и духовност што се компатибилни за гејовската и за лезбиската сексуалност, се реали- зира надвор од формалните институции, во рамките на многуте различни духовни њу ејџ‑движења.
Keywords