EtnoAntropoZum (Nov 2016)

НАЦИОНАЛИЗМОТ И НАЦИОНАЛНИОТ МИТ

  • Димитрис Литоксоу

DOI
https://doi.org/10.37620/EAZ0550062l
Journal volume & issue
no. 5

Abstract

Read online

Секоја национална идеологија се темели на една основна идеја, една идеолошка обременетост, која го создава јадрото на националниот мит. Оваа идеја, што се однесува до грчкиот национален мит, е „племенската нескршливост на родот“ или „продолжување на нацијата од античките времиња до денешни дни“. Накусо кажано, тоа е идејата за постоење на единствен јазик, култура и род на грчкиот народ, кој живее и се репродуцира во Грција, но и пошироко во делот на источниот Медитеран, барем од бронзеното време досега. Докажувањето на оваа претпоставка, како главен елемент на грчкиот национален мит, претставува производ на една поврзувачка процедура, која целосно се оформува кон средината на 19 век.

Keywords