Journal of Contemporary Philology (Dec 2020)

Деривациските процеси на прасловенскиот корен *mer- во македонскиот јазик

  • Давор Јанкулоски

DOI
https://doi.org/10.37834/JCP2020089j
Journal volume & issue
Vol. 3, no. 2
pp. 89 – 98

Abstract

Read online

Последниве години во Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ во фокусот на интерес се наоѓа еден нов пристап кон описот на зборообразувачкиот систем на македонскиот јазик. Пристапот се состои во истражување како се создаваат нови лексеми во рамките на едно зборообразувачко гнездо, односно групи лексеми деривирани од иста зборообразувачка база во форма на коренска основа. Според Марковиќ и Тополињска (2019), еден од најзначајните процеси што го отсликуваат системскиот пренос на информации од семантичкиот континуум во лексиконот на јазикот претставува процесот на семантичка деривација. Преку овој процес се овозможува набљудување на асоцијативните низи, кои ги задржуваат основните, појдовни семантички компоненти, пренесувајќи се од човекот и од реалниот свет сè до најапстрактниот – менталниот свет на човекот. Овие основни семантички компоненти претставуваат нераскинлива врска во текот на формалниот развој на лексичкиот фонд на јазикот. Во овој текст ќе се обидеме да го прикажеме формалниот и семантичкиот деривациски процес на индоевропската и прасловенска основа *mer- во македонскиот јазик. Оваа основа во прасловенскиот развила неколку превојни варијации и тоа: *mer-, *mor-, *mar-, *mьr-. Идентификацијата и потврдувањето на прасловенските и индоевропските форми и основи се базира врз толкувањата содржани во користените етимолошки речници.

Keywords