Journal of Contemporary Philology (Jan 2019)
Реализација на анафорскиот субјект во македонскиот јазик
Abstract
Во овој труд ги претставуваме резултатите од истражувањето на синтаксата на анафорската референција во наративниот дискурс. Главната цел на истражувањето е да ги утврди принципите што го одредуваат реализирањето на анафорските субјекти во наративните текстови на македонски јазик. Текстуалната анализа на избраните наративи опфаќа три формални категории субјекти со кои се кодираат протагонистите во наративите: „празен“ (реализиран преку личната наставка на глаголскиот предикат), заменски и именски. Добиената дистрибуција на секоја испитувана категорија се објаснува преку делувањето на когнитивниот принцип според кој изборот на формата на субјектот зависи од менталната достапност на субјектниот референт во меморијата на слушателот/читателот. Меѓутоа, овој принцип може да се наруши под влијание на други принципи кои предизвикуваат отклонувања од предвидените реализации на анафорските субјекти. Резултатите на анализата ја потврдиja главната хипотеза дека формата на субјектот се одредува од заемодејството на когнитивниот принцип со семантички, синтаксички и дискурсно-прагматички принципи. Делувањето на секој од разгледуваните принципи се објаснува преку примерите од анализираните текстови.