EtnoAntropoZum (Nov 2016)
ПРАЗНУВАЊА НА ГОРНОРЕКАНЦИТЕ ПОВРЗАНИ СО НАРОДНАТА РЕЛИГИЈА
Abstract
Авторот во текстот дава приказ на верата како важен невербален етнички симбол и на народните празнувања во етнографскиот предел Горна Река. Формалната припадност кон конкретната вера (православно христијанство наспроти ислам) во Горна Река претставува потенцијален невербален симбол на етничка сепарација, со кој во современи услови се определува етничката припадност. Во овој случај само формалната верска припадност има статус на определувачки етнички симбол, во конкретниот случај за определување на етничкиот идентитет на релација Македонец – Албанец во пределот. Во контекст на народната религија сите Горнореканци имаат заеднички празници, верувања и обредна пракса што во најголем дел се поврзани со основното стопанисување и се однесуваат на сточарските култови, во врска со почетокот на пролетта/летото и со здравјето на луѓето, обреди за добивање дожд, верување во заштитната моќ на одредени предмети – апотропеони.
Keywords