EtnoAntropoZum (Sep 2016)
ДИНАМИКА НА ЕТНИЦИТЕТОТ: ИДЕНТИТЕТОТ НА ПОМАЦИТЕ
Abstract
Наметнувањето единствен национален идентитет од страна на балканските национални држави стана главна цел на нивната официјална политика. Од почетокот на нивното постоење, балканските национални држави (со исклучок на Југославија) се обидоа да ги означат етничките граници на нивните територии, за да воспостават цврсти етнички и политички граници. Помаците, словенско-муслиманска етничка група, која го населува просторот на Родопите и течението на реката Места во Република Бугарија, се само еден пример за обидите на државната власт да го промени нивниот национален идентитет.
Keywords