Journal of Contemporary Philology (Dec 2019)

Роберт Браунинг и неговите драмски монолози – мост помеѓу експериментот и традицијата

  • Милан Дамјаноски

DOI
https://doi.org/10.37834/JCP1920119d
Journal volume & issue
Vol. 2, no. 2
pp. 119 – 131

Abstract

Read online

Во нашиот труд ќе дадеме кус приказ на историскиот развој на драмскиот монолог како хибриден жанр меѓу поезијата и драмата, за чиј развој најмногу е заслужен Роберт Браунинг. Неговиот развој доаѓа како директна последица на кризата на поезијата да се справи со предизвиците што произлегоа од огромните промени на сите полиња во XIX век. Притоа, ќе дадеме приказ на главните структурни и тематски одлики, како и на важноста на драмската персона како главен наратор и нејзината улога во пробивањето на повеќе­гласноста во монолошката структура на поезијата. Конечно, ќе се осврнеме на драмскиот монолог како жанр што му дава можност на Браунинг да ги имитира и да ги инкорпорира најразличните гласови и дискурси во британското општество. Како пример за оваа постапка посебно ќе се осврнеме на Витезот Роланд пред Мрачната Кула, преку кој ќе се обидеме да ја прикажеме поетиката и наратив­ните стратегии на Браунинг во жанрот на драмскиот монолог.

Keywords