Journal of Contemporary Philology (Dec 2019)

Ритуалот на жртвување и економијата на насилството низ примери од македонските народни легенди и опусот на Марко Цепенков

  • Катица Ќулавкова

DOI
https://doi.org/10.37834/JCP1920095kj
Journal volume & issue
Vol. 2, no. 2
pp. 95 – 103

Abstract

Read online

Митската и историската меморија се двете лица на истата стварност. Народното предание потсетува дека зад големите епски херои и митски подвизи стојат големи трагедии. Зад големите дела на културата се кријат потресни човечки и национални приказни. Колективната меморија на Маке­дон­ците е сензибилна, па умее не само да ги идеализира туку и да ги демистифицира историските личности и настани. Во македонската народна традиција се зачувани бројни легенди, приказни и песни во коишто се евоцира мотивот на жртвување, како во неговата архаична ритуална форма (заѕидување жива жена во темелите на мостовите) така и во неговите феудални форми на социјална и културна политика. Притоа, вниманието ќе биде свртено кон преданијата за Крале Марко (1335–1395) и за Марковите кули запишани од Марко Цепенков (1829–1920). Во овој текст се прави основна класификација на насилството (нужно наспроти ненужно насилство).

Keywords