Identities (Dec 2022)

Преиспитување на Вториот бран на феминизмот во светло на неодамнешните контроверзи

  • Нина Пауер

DOI
https://doi.org/10.51151/identities.v19i1-2.508
Journal volume & issue
Vol. 19, no. 1-2

Abstract

Read online

Овој труд ги разгледува елементите на Вториот бран на феминизмот – во неговите психоаналитички, радикални, материјалистички, марксистички и деконструктивистички аспекти – за подобро разбирање на тоа како би било најдобро да се дефинира половата различност денес. Вознемирувачкото прашање на сексуацијата (произведеното од пол) за тоа што значи да се биде жена особено, денес генерираа големи тензии на теориско, правно и филозофско ниво. Оваа статија е обид да се наврати на аспектите на вториот бран – недовршениот проект каде многу трајни феминистички проблеми беа за првпат темелно и метафизички артикулирани – подобро да се одбрани важноста на половата разлика. За таа цел, ќе бидат дискутирани трансценденталните и паралаксичните димензии на половиот живот, заедно со одбраната на централноста на мајката за нашето мислење околу релевантноста и нужноста на зачувувањето на важноста на сексуалната различност, не само во мисловниот, туку и во политичкиот и правниот живот. Author(s): Нина Пауер Title (Macedonian): Преиспитување на Вториот бран на феминизмот во светлона неодамнешните контроверзи Journal Reference: Identities: Journal for Politics, Gender and Culture, Vol. 19, No. 1-2 (2022). Publisher: Institute of Social Sciences and Humanities - Skopje Page Range: 110-121 Page Count: 11 Citation (Macedonian): Нина Пауер, "Преиспитување на Вториот бран на феминизмот во светлона неодамнешните контроверзи,” Identities: Journal for Politics, Gender and Culture, Vol. 19, No. 1-2 (2022): 110-121. Author Biography Нина Пауер, Независна истражувачка Нина Пауер е филозофка и писателка, авторка на многу статии поврзани со политиката, феминизмот и културата. Таа е авторка на Еднодимензионална жена (2009) и на претстојната Што сакаат мажите? (2021). Во моментов предава на Мери Вард (Mary Ward), додека пак претходно предаваше на Универзитетот на Роехамптон (University of Roehampton) и многу други институти.

Keywords