EtnoAntropoZum (Oct 2021)

АВТОРСКИ ПАТРИОТИЗАМ НА БАЛКАНОТ

  • Ана Ашталковска Гајтаноска

DOI
https://doi.org/10.37620/EAZ2121010ag
Journal volume & issue
Vol. 21, no. 21

Abstract

Read online

Концептот според којшто научниците од одредени и за тоа погодни општествени и хуманистички дисциплини имаат должност да работат во корист на негување, зајакнување и величање на националниот идентитет на сопствениот народ е ризичен по многу основи. Иако се забележуваат позитивни промени кај новите генерации во однос на ова прашање, сепак може да се констатира дека во поширокиот јавен дискурс сè уште владее романтичарската идеја дека, на пример, етнологот и историчарот треба да бидат патриоти. Позицијата на „професионалните патриоти“[1] е разгледана и од теориско-методолошки аспект, а воедно е илустрирана преку примери од македонската етнологија и нејзиниот однос кон „историските вистини“ во современ контекст. Неопходни се итни реформи во парадигмите за да може хуманистичките дисциплини да преминат од дезинтегрирачки во интегрирачки фактор на балканскиот културен дијалог. [1] Терминот „професионални патриоти“ е преземен од текстот на Иван Ковачевиќ (Ковачевић 2006: 110).

Keywords