Kultura (Skopje) (Nov 2014)
Балканскиот менталитет и елементите на традицијата (За женскиот „идентитет“ и „менталитет“ во јужнословенските литератури)
Abstract
Без тенденција за исцрпен третман на предметното прашање во периодизациски рамки, во оваа статија се осврнувам пред сѐ на женскиот менталитет во разнородни текстови од јужнословенските литератури: драмата „Бегалка“ на Васил Иљоски, романот „Зона Замфирова“ на Стеван Сремац, подолгиот расказ „Тена“ на Јосип Козарац Преку „изолација“ на т.н. „елементи на традицијата“ што се однесуваат на сфаќањето на „женскоста“, правам обид за „влез“ во културната меморија на балканските народи и нивниот менталитет во втората половина на 19. и почетокот на 20.век. Моите настојувања (и очекувања) се сведуваат на согледување на сличностите и разликите во „менталитетот“ на „балканската“ жена и преку него слика на културните состојби во различните општествени средини меѓу јужнословенските народи.