EtnoAntropoZum (Oct 2018)
ЕТНИЧКА ГЕНТРИФИКАЦИЈА ТИВКАТА БОРБА ЗА ЕДЕН МАКЕДОНСКИ ГРАД
Abstract
По распадот на Југославија може да се забележи значителен пораст на важноста на етничкиот идентитет кај сите балкански држави. Како резултат на тоа, забележлива е една иредентистичка тенденција во овој регион. Борбите за созда- вање на моноетнички држави се претворија во граѓански војни на Балканскиот Полуостров во раните 1990-ти години. Македонија, и покрај тоа што е поранешна република на Југославија, беше релавитно стабилна. Сепак тоа не значи дека етничноста не игра голема улога во независна Македонија. Етничноста го остава својот белег на политиката, општеството и на македонските градови. Во последните години градските власти во Тетово, град во северозападниот дел на Македонија, се обидуваат да наметнат еден нов идентитет. Оваа локална политика е соодветна на пошироката национална борба за национален идентитет и за поседувањето на јавните градски простори. Истовремено, сведоци сме на процесот на еманципација на албанската заедница што влијае на општествените односи. Како резултат на про- мената, етничките Македонци се потиснати надвор од Тетово, вториот по големина град во државата. Во овој текст сакам да покажам дека ова што се случува може да се нарече етничка гентрификација. Ќе се обидам да го развијам концептот на гентрификација (Glass 1964) и накратко да ја образложам легитимноста на проширувањето на овие востановени концепти.
Keywords