EtnoAntropoZum (Oct 2021)

ПРЕТСТАВАТА ЗА РОМИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ЕТНОЛОШКА И АНТРОПОЛОШКА ЛИТЕРАТУРА

  • Инес Црвенковска Ристеска

DOI
https://doi.org/10.37620/EAZ2121132cr
Journal volume & issue
Vol. 21, no. 21

Abstract

Read online

Релативно е мал бројот етнолошки текстови што се занимаваат со теми поврзани со Ромите на Балканот и во Македонија. Во овој текст, идејата е да се види како се зголeмувал интересот за Ромите и како потоа се градела претставата за Ромите во југословенската, а од југословенската се пренесла сликата во македонската етнолошка и антрополошка литература. За таа цел, во анализата се користени етнографски текстови и зборници посветени на Ромите во периодот на СФР Југославија во 70-тите, 80-тите, 90-тите години, како и текстови за Ромите објавени во Р Македонија од нејзината независност во 1991 г. до денес. Во дел од овие текстови може да се забележи како етнолозите и антрополозите во своите истражувања ја градат претставата за Ромите во неколку насоки. На самиот почеток во југословенската, а потоа со преземање на истиот модел и во македонската етнологија и антропологија се потенцира важноста да се истражува за Ромите како важна југословенска националност, а од друга страна се гради претстава за Ромите и ромската заедница како југословенска „другост“ со препорака дека би требало да биде истражувана од етнолози што ќе произлезат од заедницата на Ромите. Како резултат на мотивацијата на југословенско ниво да се ангажираат и Роми етнолози, најголем дел од македонските истражувачи што почнале да се занимаваат со ромската заедница се Роми едуцирани во југословенскиот период. По распаѓањето на СФР Југославија и концептот за југословенската националност составена од братските народи и народности, во рамките на балканските национални програми продолжува да егзистира концептот за ромската „другост“ преку концептот народна традиција кај Ромите. Овој концепт на ромската „другост“ од југословенската етнологија продолжил да се провлекува во текстовите кај Ромите истражувачи во современата македонска етнолошка литература.

Keywords