Kultura (Skopje) (Nov 2014)

Сите страни на театарската меморија – обид за зачувување на театарската претстава

  • Ана Стојаноска

Journal volume & issue
Vol. 3, no. 4
pp. 87 – 96

Abstract

Read online

Театарот е место на меморија. Теа­тар­ска­та претстава е во постојана потреба да остане за­паметена поради нејзината краткотрајност и не­мож­носта истата да остане меморирана, конзервирана и/или презервирана на еден, уникатен и специјален начин. Театрологијата овој проблем го надминува ко­ристејќи алатки од неколку сродни научни дис­циплини, но и создавајќи свои со користење на т.н. театролошки, посредни и непосредни извори. Рекон­струкцијата на претставата е доминантен метод за анализа на една претстава. Имајќи го сето ова пред­вид, но и од моето лично искуство, со диги­та­ли­зацијата на повеќето театарски претстави и работата на првата театролошка дата база на овие простори, сакав да се фокусирам на еден специфичен начин на истражување на проблематиката. Поточно, мојот текст е фокусиран на откривањето на сите страни на театарската меморија, на кој начин секој од нас памети една претстава, но и на кој начин актуелната наука ја памети претставата. За таа цел, студи­ја­та/рефератот е конципиран во неколку делови.- Театарската претстава и нејзиното зачувување – преглед на извори и дефинирање на методот на реконструкција- Дигитализирање на претставата, снимање и внесување на податоци – со пренесување на лично искуство од работата на Театролошката дата база на Институтот за театрологија при Факултетот за драмски уметности – Скопје- Личните сеќавања за истата претстава, начин на селекција и презентација- Науката како главен чувар на театарската меморија и адекватната помош од приватната театарска меморија.Секој од елементарните компоненти на овој текст на свој начин ги открива лицата на театарската ме­морија. Исто како што и реконструкцијата на прет­ставата ја открива самата претстава после еден долг процес на истражување.

Keywords