EtnoAntropoZum (Nov 2016)

СЕЛАТА ВО ЕТНОГРАФСКИОТ ПРЕДЕЛ ГОРНА РЕКА КАКО РЕЛИГИОЗНО-ОБРЕДНИ ЗАЕДНИЦИ

  • Мирјана Мирчевска

DOI
https://doi.org/10.37620/EAZ0550188m
Journal volume & issue
no. 5

Abstract

Read online

Почитувајќи ги правилата на однесување од индивидуален, но особено од колективен тип, населението на Горна Река (македонскоалбански северозападен пограничен простор), живеејќи во исклучително изолирана географска средина, потпрено само на себе, покажува голема приврзаност кон конкретни обредни активности. Во трудот се анализирани обредните дејства на Горнореканците од колективен тип, на ниво на целата селска заедница. Анализата е направена во однос на апотропејската заштитно-иницирачка улога и моќ што ја имаат преземените активности претставени преку принципот на колективна партиципација (селска слава), принципот на делегација (василичари и додоле) и преку принципот на индивидуален застапник (селски кум на Светијованово кумство).

Keywords