Journal of Contemporary Philology (Jul 2019)
Инструкција за подобрување на изговорот на странски јазик
Abstract
Во овој труд се дава преглед на емпириските истражувања кои испитуваат дали и во која мера фонетската инструкција спроведенa во лабораториски услови и во училница го подобрува изговорот на странскиот јазик,. Анализата покажува дека инструкцијата помага во модификување на изговорот на изучувачите. Различните видови инструкција придонесуваат за развој на различни аспекти на јазичната вештина изговор; притоа, обуката со фокус на прозодиските елементи на говорот значително ја подобрува комуникативната способност на изучувачот. Исто така, корективниот коментар што го дава наставникот е од особена важност за зголемување на способноста за забележување кај изучувачите како и за подигнување на нивната фонолошка свест и критички однос кон сопствениот изговор. Ефективноста на фонетската инструкција укажува на долгорочната корист за изучувачите од системската примена на ваков вид обука во наставата.