EtnoAntropoZum (Nov 2016)
ЗА ПРЕСЕЛБИТЕ НА БАЛКАНСКИТЕ МУСЛИМАНИ И ЗА НАШИНЦИТЕ – ТОРБЕШИ, ПОМАЦИ И ДРУГИ (ТУРЦИ) ВО ТУРЦИЈА
Abstract
Голема популација од нашинци со исламска вера во дијаспората има во Турција. Оваа дијаспора настанала од економски и политички причини, особено во одредени кризни периоди на војни и прогони од територијата на етничка Македонија во 19 и почетокот на 20 век. Поразно е што во 50-тите и 60-тите години на 20 век, за време на ФНРЈ, се кренала голема миграција на нашинци со исламска вера кон Турција. Вистински колонии нашинци можеме да сретнеме во поголемите градови како Истанбул, Измир, Бурса итн., како и во помалите како Акисар, Маниса и други. Тие сè уште го зборуваат македонскиот мајчин јазик и ја негуваат својата култура во релативно затворен круг.
Keywords