EtnoAntropoZum (Sep 2020)
СМЕА, А НЕ ВОЈНА: ХУМОРОТ, САТИРАТА И РАСПАЃАЊЕТО НА ЈУГОСЛАВИЈА
Abstract
Текстот прави краток преглед на политичката критика преку медиумот на хуморот и сатирата во време на поранешна Југославија и за време на нејзиниот распад. Земени се предвид повеќе значајни списанија и индивидуални автори од повеќе поранешни југословенски републики, кои во тешки времиња за слободата на говорот покажале смелост и храброст со алатките што им стоеле на располагање да опишат, да критикуваат и да предупредат во однос на национализмите и залудноста на војните. Нивните дела денес имаат уметничко, но и историско и антрополошко значење, бидејќи зборуваат, повеќе од официјалната и често цензурирана историја, за времето во кое настанале и околностите во кои гласовите на разумот биле потиснати.
Keywords