Journal of Contemporary Philology (Jun 2018)
Концесивните неинтегрирани конструкции во македонскиот јазик
Abstract
Во трудот се разгледуваат конструкциите со концесивно значење конституирани од (глаголски и квалификативни) придавки, именки и глаголски прилози што се издвоени во прозодиската структура на исказот. Интересот се сосредоточува на неколку аспекти: информацискиот карактер и позицијата на конструкциите, од една страна, и синтаксичката функција и статусот на планот на опозицијата познато – ново (т.е. идентификуваноста и неидентификуваноста) на носителите (референтите), од друга страна. Примерите се ексцерпирани од повеќе автори, главно од уметничколитературниот функционален стил.