Journal of Contemporary Philology (Dec 2020)
Лексичко-семантичките односи хипонимија и хиперонимија кај правните термини во англискиот јазик со преводни еквиваленти на македонски јазик
Abstract
Целта на овој труд е да се испита и да се утврди природата на англискиот јазик на правото преку лексичко-семантичките односи хипонимија и хиперонимија кај правните термини во англискиот јазик и во македонскиот јазик. Од извршената анализа на правните термини во кривичното право може да се заклучи дека правниот вокабулар во англискиот јазик претставува јасно структуриран систем на семантички полиња, кои можеме да ги претставиме преку парадигматските односи на хиперонимија и хипонимија, каде што тргнуваме од архилексемата law ‘право’, како главен хипероним и многу кохипоними, кои претставуваат хипероними на други хипоними, сè до најосновните термини од секое посебно семантичко поле. Терминот taxonym претставува хипоним на терминот ‘хипоним’. Системот се карактеризира, главно, со однос part – whole ‘дел – целина’, што се одржува не само меѓу индивидуалните лексеми и лексичкото поле туку и меѓу специфичните лексички полиња и вокабуларот како целина.
Keywords