Kultura (Skopje) (Nov 2014)

Преобликување на меморијата за комунизмот: Музејот на жртвите на комунистичкиот режим во проектот „Скопје 2014“

  • Деспина Ангеловска

Journal volume & issue
Vol. 4, no. 6
pp. 119 – 134

Abstract

Read online

По падот на комунизмот во Европа, справувањето со тоталитаристичкото минато, ребрендирањето на нацијата и преобликувањето на колективната меморија беа клучните предизвици на посткомунистичкото градење на нацијата. Овој труд ја разгледува политиката на меморијата отелотворена во проектот на македонската влада „Скопје 2014“, одразувајќи ја пошироката битка на посткомунистичките политички елити за контрола над колективната меморија во процесот на едифицирање на националниот и државниот идентитет. Земајќи ги предвид теоретските претпоставки на новата музеологија, овој труд се сосредоточува на анализата на политиката на меморијата содржана во Музејот на жртвите на комунистичкиот режим, осврнувајќи се детално на неговата нарација за комунистичкото минато. Дополнително, оваа студија се фокусира на искуството на посетителот на музејот, надвиснувајќи се на идеолошкиот и афективниот учинок на музејската поставка.

Keywords