Journal of Contemporary Philology (Feb 2019)
Анализа на политичкиот дискурс во предизборните кампањи во Република Македонија и во САД
Abstract
Целта на ова истражување е да се направи критичка анализа на политичкиот дискурс за време на предизборните кампањи во Р. Македонија и во САД. Истражувањето дава увид во манипулативната функција на јазикот и ги претставува начините на кои политичарите во Р. Македонија и во САД ја постигнуваат таа манипулација. За таа цел, беа истражувани вкупно осум говори: четири од македонски (Груевски, Заев, Иванов и Пендаровски) и четири од американски политичари (Обама, Ромни, Буш и Кери). Овој труд ја разгледува структурата на предизборните говори на политичарите во Р. Македонија и во САД од прагматичка гледна точка, односно има за цел да испита колку внимание политичарите посветуваат на креирање на својот став и на вклучување на публиката во дискурсот. До тие сознанија доаѓаме преку испитување на личните заменки.