Kultura (Skopje) (Dec 2014)
Индивидуалната и колективната меморија во романите „Историја на луѓето кои умреа од страв“ од Ермис Лафазановски и „Резервен живот“ од Лидија Димковска
Abstract
Во понудениот текст концептот на културната меморија се толкува и се разгледува од аспект на вкрстување на концепциите околу поимите на индивидуалното и на колективното и на нивната улога во креирањето на поимот културна меморија. Тие се поврзуваат со двете радикално различни поимања на културата: како субјективна категорија на значења содржани во човековиот ум и како матрица на симболи кои се јавно достапни и објективизирани во општеството. Анализирајќи конкретни примери од македонското романсиерско творештво на двајца автори, Димковска и Лафазановски, текстот ги истражува надополнувањата и проникнувањата на двата концепта.